ЈУУДГС „Здравко Цветковски“
Секогаш во чекор со времето, чекор пред другите
За учебната 2025/2026 година
Градење на одговорен однос кон обврските и барањата што ги поставува домската средина за создавање на позитивни личности, неопходни за самоактуелизацијa, во која ученикот е во центар на вниманието.
Мисија на Ученичкиот дом
Слободни ученички активности
Во Ученичкиот дом се формираат ученички секции кои работат по програми, а истите ги подготвуваат воспитувачите и се во согласност со потребите и афинитетите на учениците. Со секциите раководат одговорни воспитувачи (ментори) со избрани раководства од страна на учениците.

Литературно-јазична секција
Учениците вредно работеа пишувајќи поезија и проза на разни теми со цел да допрат до читателот а на тој начин да го негуваат македонскиот литературен јазик.

Спортска секција
Со учество на оваа секција кај учениците се постигна развој на физички, емоционален, интелектуален, морален,социјален и естетски план.

Еколошка секција
Работата на еколошката секција ја поттикнува еколошката-свесност кај младата личност, преку развивање на практични вештини и создавање на здрави навики кај младите.

Уметничка секција
Работата на уметничката секција ја развива креативноста и естетската свест кај младите. Планот е изработен согласно со желбите и афинитетите на учениците.

Музичка секција
Секцијата ги опфати учениците кои имаа интереси и афинитети кон музичкото творештво, а и ученици кои се дел од музичкото училиште.

Ученичко-домска заедница
Во Домот работи и ученичко-домска заедница која дискутира и одлучува за теми како животот и работата на учениците во Домот, и потреба за внесување нови секции.